Вие се наоѓате: Botox > Botox Face lifting

Botox Face lifting

Освен предноста на Ботоксот да разубавува, во рацете на докторот-експерт може да овозможи нехируршки фејс- лифтинг. Најважна е предходна анализа на силата на група мускули: подигачи и опозициската група:спуштачи на структурите на лицето а потоа специјална техника на инјектирање во повеќе точки исклучиво во мускулите депресори.

Со воспоставување на рамнотежа помегу двете опортунистички групи се постига подигање на челото, веѓите, образите ( Нефертити изглед ), аглите на устата, врвот на носот, ублажување на брчките на лицето, вратот и деколтето.

Процесот на стареење делува и на кружниот очен мускул , како и на кружниот мускул на устата со тоа што го смалува отворот на окото а околу устата прави густи радијални брчки. Со метадата Мезоботокс се пеглаат брчките околу усните и очите а со апликација во специјални точки се релаксира контрахираниот очен мускул и очите изгледаат покрупни.

Мултипло инјектирање во каблите на платизма ги ублажува брчките на вратот и ги подига виснатите образи. Со релаксирање на мускулот масетер се корегира квадратниот облик на долната вилица во нова, овална форма. Кај пациентите  со изразито широка насмевка (коњски осмех) по релаксирање на м. рисориус се ограничува насмевката и се ублажуваат „брчките на смеење“ на образите.

Постапката за „Total Face Lifting“ мора да биде изведена од лекар со одлично познавање на анатомијата и физиологијата на мускулите, големо искуство во Ботокс третманите изведувани со различни дози и концентрации.

Со вистински избор на пациентот и вештина на лекарот во уметноста со Ботокс  се постигнува посакуваниот ефект , посебно  во комбинација со филери.

Пациентите кои не се спремни за хируршки третман или немаат време за постоперативен опоравок ја обожаваат оваа брза постапка.

Total Face-Lifting



Нехируршки лифтинг (со Botox и филери)

Врати се на врвот