Ботоксот првин се користел во медицината за терапија на спастична парализа, во неврологија, во ортопедија кај спазам на мускули на вратот, во офталмологија при страбизам, блефароспазам и др. болести, во урологија, гастроентерелогија, гинекологија. Дури од пред 10 години, после исцрпни испитувања, се користи и во естетската медицина и сега претставува најпопуларен козметички третман во светот.
Како функционира ботоксот?
Ботоксот е стерилен, лабораториски пурифициран протеин, продуциран од бактеријата Clostridia botulinum, кој ја ослабува активноста на мимичните мускули и ги ублажува мимичните брчки.
Што може Ботоксот да корегира?
Ги измазнува брчките:
МЕЗОБОТОКС е специјална техника која се користи за атипични брчки на лицето, вратот и деколтето.
ИЗВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
Апликацијата на Ботоксот е безболна и трае околу 5-10 минути, после која пациентот продолжува со секојдневните активности. Дејството започнува да се развива по 4 дена а ефектот се стабилизирува по 15 – 20 дена, кога се закажува контрола. Ефектот трае 4-6 месеци а потоа се повторува постапката. Резултатите се индивидуални. Ако се прекине аплицирањето на Ботокс постепено брчките се враќаат во првобитната состојба.
Ботокс не се применува кај бремени жени, доилки и луѓе заболени од Myastenia Gravis, Eaton-Lambert sindrom, при моментално постоење на вирусна или бактериска инфекција, при аминогликозидна терапија.
Третман со Ботокс треба да се изведува исклучиво од лекар специјалист, со одлично познавање на анатомија и физиологија на мускули (елеватори и депресори) и обучен за оваа процедура во стручни установи. Посебно третманите на средна и долна третина на лицето се изведуваат од стручњак со големо искуство.