Вие се наоѓате: Botox > Третмани на лице, врат и деколте

Третмани на лице, врат и деколте

Напредна нехируршка метода за ублажување на брчките и Face-lifting, подмладување, превенција на прекршување на кожата ( терапија против стареење), дава чувство на поблаги црти на лицето и помлад изглед. Во моментот е најбаран естетски третман во светот.

Што може Ботоксот да корегира?

- Ги измазнува брчките:

- На челото

- Брчките на муртење меѓу веѓите (глабела)

-“Свракини нозе” (брчки околу очите)

- Лепезасти брчки на носот

- Брчките на образите

-“Пушачки брчки” околу устата (бар-код)

- Брчките на вратот (релаксирање на каблите на мускулот Платизма)

- Брчките на деколтето

• Ботоксот прави лифтинг

-Подигање на веѓите и менување на нивниот облик

-Подигање на врвот на носот

-Подигање на виснатите усни агли и ублажување на страничните брчки

-Подигање на образите во линија на долната вилица (Нефертити изглед)

  • Зголемување на отворот на окото и “отворање на погледот”
  • Спуштање на горната усна, покривање на гингивите и ублажување на Назолабиалните вдлабнатини
  • Ограничување на преширока насмевка
  • Ублажување на брчкање на брадата (Голф топка- брада)
  • Менување на формата на линијата на вилицата (од квадратна во овална)
  • Корекција на асиметрија на лицето предизвикана од мускулна контракција

МЕЗОБОТОКС е специјална техника која се користи за атипични брчки на лицето, вратот и деколтето.

ИЗВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА

Апликацијата на Ботоксот е безболна и трае околу 5-10 минути, после која пациентот продолжува со секојдневните активности. Дејството започнува да се развива по 4 дена а ефектот се стабилизирува по 15 – 20 дена, кога се закажува контрола. Ефектот трае 3-6 месеци а потоа се повторува постапката. Резултатите се индивидуални. Ако се прекине аплицирањето на Ботокс постепено брчките се враќаат во првобитната состојба.

Ботокс не се применува кај бремени жени, доилки и луѓе заболени од Myastenia Gravis, Eaton-Lambert sindrom, при моментално постоење на вирусна или бактериска инфекција, при аминогликозидна терапија.

Третман со Ботокс треба да се изведува исклучиво од лекар специјалист, со одлично познавање на анатомија и физиологија на мускули (елеватори и депресори) и обучен за оваа процедура во стручни установи. Посебно третманите на средна и долна третина на лицето се изведуваат од стручњак со големо искуство.

Botox-lifting на образите (Нефертити лифтинг)



Промена на формата на лицето (од квадратна во овална)

Врати се на врвот