Your location: ЧПП

Често Поставувани Прашања

- Како и кога се употребува заштитен фактор?
- Кој е најдобриот солариум?
- Која е најдобрата нега за кожа со акни?
- Која е најдобрата нега за возрасна кожа?
- Како да се спасите од проширените пори?
- Како да се негувата деколтето?
- Како да се ублажат брчките?
- Како мојот дерматолог може да го успори стареењето на мојата кожа?
- Што може да се стори пред да се направи фејслифтинг?

- Како и кога се употребува заштитен фактор?

Употребувајте заштитен фактор со широк спектар, УВА и УВБ протектор, дневен овлажнувач со СПФ 30 или повисок (50 ). Нанесете го најмалку 30 минути пред да излезете на сонце. Опекотини можат да се добијат дури и кога е облачно и кога сте во вода. Сонцето е главна причина за ракот на кожата. Затоа се препорачува носење на шапка и заштитна облека.



- Кој е најдобриот солариум?

Луѓето се уште одат во солариуми за да ја припремат кожата пред летото.

Солариумите се штетни, докажано.

- Која е најдобрата нега за кожа со акни?

Започнете со добар клинсер, ексфолиатор со гликолна киселина.

Наутро најдобар овлажнувач е хидратантна крема без маснотии.

Навечер, на исчистените регии со акни, се препорачува овлажнувачки гел со 5% бензил пероксид.

Ретинол е форма на витамин А кој може да го реши проблемот со акни. За флеки настанати од акните помагаат препарати со витамин Ц.

Составете диета. Трудете се да го зголемите внесот на зеленчук а намалите внесот на маснотии. Пијте повеќе вода.

Никогаш не ги стискајте акните затоа што тоа може да биде причина за инфекција, лузни или цистични формации.

Закажете преглед кај вашиот дерматолог! Постојат најразлични третмани кои ќе ви помогнат да добиете чисто лице.

- Која е најдобрата нега за возрасна кожа?

Неопходни додатоци на секоја анти-ејџинг козметика се „Четирите златни“

Слободните радикали ги нарушуваат ланчените реакции во клетките на кожата, што резултира со брчки, несакани пигментации и губиток на еластичноста и затегнатоста на кожата.

Антиоксидансите ги неутрализираат слободните радикали во кожата. Секогаш барајте продукти кои содржат витамин А и Ц, зелен чај, антиоксиданс наречен „суперхерој“, акаи бери или идебенон.

Пептидите се градежни елементи на нашите клетки и ја зголемуваат клеточната продукција. Тие ја активираат продукцијата на колаген и еластин.

Најпознат пептид во козметологијата е палмитоил пентапептид ( Матриксил ), но се употребуваат и други пептиди како што се неуропептиди, морски пептиди, хексапептиди. Со нивна употреба полека се враќа сјајот, еластичноста и цврстината на кожата. Таа станува пооптегната, нежните линии се ублажуваат а  брчките се поплитки.

АХА киселини, како и гликолната и млечната киселина, ја забрзуваат ексфолијацијата, ги прочистуваат порите, ја подобруваат текстурата и сјајот на кожата. Ја намалуваат можноста од стварање на лузни, дамки и ситни брчки на кожата. АХА ја прават кожата почувствителна на сонце и затоа секогаш кога се излегува на сонце треба да се нанесе заштитен фактор, најмалку СПФ 15.

Ретинол во сите негови форми (витамин А,  ретиноична киселина, третиноин), ги стимулира фибробластите да продуцираат колаген и еластин, со што го помага обновувањето на кожата и ги ублажува ситните линии и брчки . УВ зраците го деактивираат ретинолот и затоа треба да се нанесува навечер. Ретинолот може да ја иритира кожата, затоа треба да се внесува постепено во режимот на кожната нега. Се почнува со нанесување два пати неделно, навечер, постепено зачестувајќи додека да се постигне секојдневна употреба.

- Како да се спасите од проширените пори?

Не можете да се спасите од проширените пори, но, можете да направите да станат поневпечатливи.

Порите претставуваат влакнени фоликули во кои се цеди лојната жлезда. Тие стануваат проширени поради зголемено лачење на лојта и недостаток на колаген околу отворот.

Користете нежен ексфолијантен клинсер кој може да се користи секој ден. За подолготрајни резултати користете препарат со салицилна киселина. Препарати со Алфа Хидрокси Киселини ги одржуват порите чисти. Користење на маска од глина ги прави проширените пори помазни. Препарат со витамин А ги стегаат и смалуваат порите. Хидратација се врши со овлажнувач кој не содржи маснотии

- Како да се негувата деколтето?

Кожата на деколтето е потенка, повеќе подложна на оштетувања од сонцето и на промени со стареењето. Најлесно се набрчкува и прошарува со старечки дамки.

Не е доцна деколтето да се заштити и превенира со помош на новите производи и професионални третмани.

Негата на лицето не треба да застане кај линијата на брадата. Дневната крема со заштитен фактор се нанесува и на вратот и деколтето.

За старечки дамки  се употребува крем, лосион или серум кој содржи глукозамин, ниацинамид ( дериват на витамин Б ) или најдобриот-витамин Ц, сите делуваат избелувачки.

За интензивна хидратација најдобри се продукти со омега масни киселини или крема или гел кој содржи кофеин, ко-ензим Q 10 и ретинол. Сите тие го продолжуваат младешкиот изглед на кожата. Се нанесуваат наутро и навечер со кружни движења.

- Како да се ублажат брчките?

Стареењето дефинитивно доведува до стварање на брчки. Експозиција на сонце го фаворизира стареењето, вклучувајќи ја и појавата на брчките.

Постојат мимични брчки кои се појавуваат на места каде има повторувани мускулни контракции. Пример за нив се брчките помеѓу веѓите,на челото и околу очите. Најдобар метод за ублажување на тие брчки се “Ботокс“ третманите кои ја ослабуваат контракциската сила на мимичните мускули.

Перманентни брчки настануваат како резултат на виснување на кожата (Назолабиални брчки) или од пречести движења (свракини нозе- странично од очите). Тие најчесто ги гледаме кај пациенти постари од 30 години а стануваат поизразени со возраста. Најдобра метода да се корегираат е со пополнување со филери.

Секојдневната нега треба да содржи нежен ексфолиатор, превенција од сонце со заштитен фактор 30 или повеќе, употреба на продукт со 1% Ретинол или Овошни киселини, добра хидратантна крема.

- Како мојот дерматолог може да го успори стареењето на мојата кожа?

Понеинвазивни процедури за субтилни резултати

Мезотерапијата е техника со микроинјектирање која овозможува подмладување и длабока хидратација на вратот, деколтето, рацете и лицето. Антиејџинг длабока хидратација се спроведува со инјектирање на многу мали количини на неретикуларна хијалуронска киселина во дермисот која има моќ на врзување на вода и на тој начин ја прави кожата помазна и спречува формирање на брчките.

Инјектирање на субстанции кои ја стимулираат продукцијата на колаген и еластин придонесува уморната и исушена кожа да го поврати сјајот, тонусот и еластичноста.

Ботоксот овозможува  да изгледате порелаксирано, поодморно,“ ваша освежена верзија“. Ги ублажува брчките кои настануваат од повторувани мускулни контракции, на пр. брчките на смеење. На тој начин превенира реверзибилните брчки да станат перманентни.

Филерите инјектирани во брчките на вратот и лицето ги пополнуваат истите, но, во исто време и локално ја стимулираат продукцијата на колаген и еластин. Крајно, доведуваат до обновување на кожата и ублажување на линиите и брчките.

- Што може да се стори пред да се направи фејслифтинг?

Пред фејслифтинг направете “течен лифтинг“- Помалку инвазивна метода за софистицирани резултати

Додека бројот на хируршкиот фејслифтинг значително опаѓа, значително расне бројот на ликвидлифт.

За спроведување на овој лифтинг на лицето секогаш треба да одите кај добро трениран специјалист.

Ботоксот ќе ги релаксира сите мускули кои ги влечат структурите на лицето надолу со што мускулите кои имаат задача да го подигаат лицето ќе добијат во јачина и ќе ги кренат образите, веѓите, спуштените.усни агли, врвот на носот. Toa e Ботокс-лифтинг.

Средниот дел од лицето е прв кој ги покажува знаците на стареењето – бидејки со време го губиме масното ткиво и волуменот образите се намалуваат и виснуваат.

Филери со хијалуронска киелина (кои природно ги содржи нашиот организам) по инјектирањето веднаш го надоместуваат изгубенот волумен во образите, јаболчмиците, брадата и околу неа, го заоблуваат лицето, ја оптегаат кожата и ги намалуваат брчките. Овозможуваат помлад, природен изглед на лицето.

Самата постапка на инјектирање е брза и лесна за пациентот, трае од 15 до 60 минути, зависно од зоните кои се пополнуваат. Резултатот е моментално видлив. По третманот нема потреба од отсаство од работа.

“Ако одлучите да направите ликвидлифтинг кај вашиот дерматолог имајте реалистични очекувања. Целта е да се подобри она што го имате и да се подмладите. Нормално очекување е да бидете посвежа верзија на вас самите а не да се преобразите во комплетно друга личност“.