Дерматовенерологија
При секоја промена на кожата битно е да се посети дерматолог за навремено поставување на дијагноза и спречување на ширење и компликации од болеста, како и пренос од едно на друго лице.
Со правилна терапија се спречува ширење на инфекции на кожата од бактериско потекло, вирусно, габично или паразитарно.
![]()
Често пати промените на кожата ни се прв сигнал кој укажува на заболувања на внатрешните органи на телото ( диабетес, хормонални пореметувања, инфективни заболувања, дегенеративни заболувања на некои органи, вродени синдроми, бенигни и малигни тумори, т. е. паранеопластични заболувања, пореметувања на васкуларниот систем…)
Алергиите се се почести во модерниот живот.
![]()
Заболувањата на кожните аднекси (косата, ноктите, потните и лојните жлезди) исто така спаѓаат во дерматологија.
Кожните карциноми се во значителен пораст, посебно кај луѓе кои се повеќе изложени на сончеви и други зрачења. Секоја сомнителна промена треба веднаш да се пријави на лекар.
![]()
Бемките можат да се трансформираат во меланомалигном.
![]()
Посебно е важно да се обрне внимание на бемките, постојано да се следат и да се препознаат следните промени:
- промена на бојата
- промена на формата
- промена на големината
- појава на нови – “сателитски” бемки околу првобитната промена
- раничка, секреција или крварење од бемката
- чешање или појава на болка на бемката
Овие промени мора да се пријават на лекар. Во колку меланомот е на време дијагностициран постојат шанси за излекување.
![]()