Вие се наоѓате: Eлектродерматологија > Трајно одстранување на влакна

Трајно одстранување на влакна

Трајно отстранување на влакна се изведува со, во светот познатиот, апарат EPILSCAN HFD на принцип електроепилација. Со многу тенка игла се влегува во коренот на влакното, што пациентот воопшто не го чувствува и со кратко пуштање на струја се уништува коренот а потоа влакното се извлекува со пинцета. За комплетен комфор на пациентот може да се изведува со локална анестезија.

Ова е до сега најдокажана метода во светот, со најдолго искуство како безбедна и ефикасна.  Kај оваа метода веќе по првата сеанса се гледа видливо намалување на влакната. Исто е ефикасна кај црните и белите влакна. Се изведува еднаш на 30 дена и со секоја наредна сеанса влакнатоста се намалува. EPILSCAN HFD е во предност над сите апарати за електроепилација затоа што никогаш не остава последици, како што се флеки или дупчиња како на кора од портокал.

Врати се на врвот