Со стареењето, кожата на рацете е еден од првите знаци на поминатите години, посебно кај луѓе кои биле повеќе изложени на сонце.
Кожата е дехидрирана, истенчена, прозирна, исфлекана и набрчкана. Подкожното масно ткиво е истенчено.
Пополнувањето со ретикуларна Хијалуронска киселина и длабоката рехидратација со неретикуларна Хијалуронска киселина ја обновува кожата на рацете и дава помлад изглед од оној што одговара на вистинската возраст.
Процедурите се изведуваат под анестезија и се безболни.