Третмани
Пополнување и корекции на лице и врат со хијалуронска киселина Teosyal од Laboratories Teoxane, Geneva (www.teoxane.com). Teosyal е најнова генерација на ресорптивен филер кој трае 8 – 18 месеци (зависно од зоната и продуктот што се употребува). Тој е монофазен филер вo форма на гел кој задржува вода на местото на апликација и моментално го надоместува изгубениот волумен и ги намалува брчките. Инјектирање на хијалуронската киселина воедно стимулура продукција на колаген.
Процедурата се изведува во локална анестезија, сo минимално инвазивна техника, трае кратко и веднаш потоа пациентот може да продолжи со секојдневните активности.
Кои зони се корегираат
- Пополнување на усни, враќање на првобитната оптегнатост и свежина на усните и назначување на рабовите. Може да се зголемува волуменот или само да се изврши длабока рехидратација заради подмладување. Со посебна техника се подкреваат и виснатите агли на усните и лицето делува порасположено.
- Пополнување на комисурите (вдлабнатини кои се спуштаат од усните агли према брадата)
- Полнење на длабоките назолабиални бразди (од носните дупки према брадата)
- Полнење на волуменот на образите: јаболчниците или празнините под јаболчниците.
- Полнење на длабоки подочници
- Полнење на брчките околу очите
- Полнење на длабоките брчки меѓу веѓите и на челото
- Полнење на нежните брчки околу устата (пушачки брчки)
- Полнење на вовлечена брада и заоблување на контурите на лицето
- Полнење на недостатоци на носот
- Полнење на дупчести лузни
- Полнење на дехидрирани раце со старечки изглед
- Полнење на вовлечени брадавици