Вие се наоѓате: Ласер > Акни

Акни

IPL третнанот на акни е револуционерен затоа што успева да ги уништи бактериите , предизвикувачи на акните без додатна терапија со антибиотици, без болка и без време на опоравување. IPL системот емитира жолта, зелена и црвена пулсирачка светлина. Жолта/зелена светлина делува директно на бактериите а црвената го намалува лачењето на лојните жлезди и стварањето на комедони и акни. Гнојните акни се повлекуваат и целата состојба на кожата се подобрува. Ова е многу ефикасен третман за акни со лесна и средно тешка форма.

IPL e еден од најбезбедните третмани за акни, користи светлина која е УВ безбедна и нема несакани ефекти.

Бремени жени, фотосензитивни особи и оние кои користат  Roaccutane не може да се третираат.

За максимален резултат третманите се комбинираат со хемиски пилинг.

Постапката трае околу 30 минути а пациентот може веднаш да продолжи со секојдневните активности.

Бројот на третманите варира зависно од тежината на формата на акните, но, генерално, по 6 IPL третмани и 6 пилинзи има знатно подобрување на состојбата.

По третманите не е дозволено изложување на сонце во наредните 2 недели или треба да се користи крема со висок заштитен фактор од сонце.

Пациентот не треба да очекува наеднаш видливи резултати. Барем 3 третмани се потребни за да примети повлекување на акните. Се препорачуваат 3 до 6 третмани, изведувани на растојание од 3 до 4 недели. Кога ке се постигнат добри резултати пациентот може да очекува барем 6 месеци да нема проблеми а во некои случаи и подолг период.

Врати се на врвот