Вие се наоѓате: Ласер > Отстранување капилари

Отстранување капилари

Третманот со пулсирачка светлина е особено ефикасен за отстранување на површни крвни садови на кожата. Може да се третираат тенки кончести вени  и црвени точки на лицето и деколтето, Rosacea, “Spider” невуси, “Вински“ мадежи и телеангиектазии на нозете.

IPL систем емитира прецизно контролирана, филтрирана светлина која ја абсорбираат крвните садови. На принцип на греење тие се уништуваат и абсорбираат од страна на телото. Со последователни третмани крвните садови бргу исчезнуваат.

Третманот се изведува без анестезија а по извршување може да има црвенило и чувство на локална топлина, што бргу поминува.

По секој нареден третман бројот на видливи црвени линии се намалува се до комплетно исчезнување. Потребни се 3 до 6 третмани кои се изведуваат на секои 4 до 6 недели.

Најдобри резултати се постигаат кај нежни кончести венули, Spyder невуси и Rosacea. Колку е посветла кожата толку е поефикасен третманот.

Врати се на врвот