Вие се наоѓате: Ласер > Rosacea

Rosacea

Rosacea е хронично заболување кое е карактеризирано со црвенило на лицето, проширени капилари, тврди, црвени или гнојни акнеиформни промени.

IPL систем  е успешен во третманот на васкуларните промени, црвенилото, испуканите капилари, папулите, пустулите и раниот стадиум на Rhinophyma – црвен и зголемен нос, посебно кај мажи со Rosacea. Пулсирачката светлина го намалува отокот и ги стегнува проширените крвни садови.

Генерално, за акнеиформните формации се препорачува серија до 6 третмани кои се изведуваат на 2 недели. При доминација на васкуларните лезии третманите се изведуваат на растојание од 4 недели. Веќе по вториот третман пациентите забележуваат видно намалување на црвенилото.

Врати се на врвот