Вие се наоѓате: Ласер > Трајно отстранување на влакна

Трајно отстранување на влакна

Зголемената влакнетост претставува бесконечен проблем. Тоа предизвикува комплекс

на несигурност кај луѓето поготово кога влакната се на лице и го лимитира нивниот социјален живот, додека ако се на тело постојано им ја одредува облеката што ја носат

Ласерското ( IPL ) отстранување на влакна претставува идеално решение за овој проблем, најбезбедна и најефикасна метода, за мажите и жените, за сите делови од телото. Но, кога се работи за многу мали зони на влакнетост или поединечни оддалечени влакна низ лицето, ја користиме методата ЕЛЕКТРОЕПИЛАЦИЈА.

ЕЛЕКТРОЕПИЛАЦИЈА се изведува со, во светот познатиот, апарат EPILSCAN HFD на принцип електроепилација. Со многу тенка игла се влегува во коренот на влакното, што пациентот воопшто не го чувствува и со кратко пуштање на струја се уништува коренот а потоа влакното се извлекува со пинцета. За комплетен комфор на пациентот може да се изведува со локална анестезија.

Ова е до сега најдокажана метода во светот, со најдолго искуство како безбедна и ефикасна.  Kај оваа метода веќе по првата сеанса се гледа видливо намалување на влакната. Исто е ефикасна кај црните и белите влакна. Се изведува еднаш на 30 дена и со секоја наредна сеанса влакнатоста се намалува. EPILSCAN HFD е во предност над сите апарати за електроепилација затоа што никогаш не остава последици, како што се флеки или дупчиња како на кора од портокал.

Врати се на врвот