Вие се наоѓате: Козметологија > Акни

Акни

Тоа е состојба која мора да се третира исклучиво под контрола на лекар специјалист-дерматолог. Тој одредува програма за третирање на акни, која е наменета специјално за вас и се состои од козметика за нега на акнеична кожа, локална медицинска терапија или таблета, медицински козметички третман еднаш до два пати месечно, хемиски пилинг или други тераписки методи.

Водич за акни

  • Придржувајте се кон програмата за третирање заради успешно лечење на акните.
  • Јадете многу витамини и минерали. Здрава диета е важна за убава кожа.
    Запомнете: Вие сте тоа што го јадете. Пијте доста вода а алкохолот сведете го на минимум.
  • Спијте доволно. На вашата кожа  и треба одмор за да се регенерира.
  • Смалете го стресот. Вашата кожа го одразува општото здравје и благосостојба.
  • Вежбајте и одржувајте кондиција. Тоа ја подобрува оксигенацијата на кожата.
  • Одбегнувајте: прободување, стискање и гребење.Тоа може да доведе до инфекција и лузни.
  • Одбегнувајте шминка и заштитни креми кои се мрсни. Употребете влажни креми.
  • Не пушете. Освен на белите дробови, штети и на вашата кожа и  нејзиното заздравување. Пушењето предизвикува и брчки.

ТИНЕЈЏЕРСКИ АКНИ

Тинејџерски акни најчесто започнуваат на возраст мегу десета и тринаесетта година. Најчесто започнуваат на носот, се шират на челото, брадата и образите. Во потешки случаи може да се јават и на вратот, грбот и рамењата. Во најголем број случаи акните завршуваат до дваесеттата година.

Акните ги погодуваат сите тинејџери, независно од полот, расата и eтничката припадност.

Хормонската продукција на почетокот на пубертетот е одговорна за појавата на акните кај тинејџерите. Тие хормони ги стимулираат лојните жлезди да лачат повеќе лој а мрсната кожа е склона на затнување на порите и компликации. Некои студии кажуваат дека и стресот и диетите може да се додатни причинители.

Акните се физички проблем , но , исто така ја погодуваат и тинејџерската психа, намалувајќи ја самодовербата.

Многу случаи на акни можат успешно да се контролираат со стручна терапија. Важно е тинејџерите да сфатат дека сите терапеутски препарати мора да се применуваат како што е пропишано. Третманите се долготрајни.

АДУЛТНИ АКНИ

Адултни акни претставуваат специфичен проблем и бараат уникатно решение

Бројот на мажи и жени над дваесетгодишна возраст кои патат од акние е во пораст.

Ова е болно и фрустрирачко искуство.

Адултните акни се појавуваат на различни делови од лицето (брада, долна вилица, темпорална регија) од оние локации кај тинејџерите.

Една група луѓе имаат акни како тинејџери и продолжуваат со нив потоа. Друга група нема акни во пубертет, но, им се појавуваат подоцна.

Како ќе знаете дали се во прашање хормоните?

Хормоните може да се причина за акни ако истовремено имате опаѓање на косата, влакнатост на лицето, градите и грбот или ирегуларен менструален циклус (кај жените).

Ако ги стискате акните дали ќе заздрават побргу?

Често стискање, гребење и одкорнување на акните доведува до лузни ,повеќе одколку самите акни, и инфекции. Најдобро е да не се пипаат со раце  и да се користи програмата за третман на акни, два пати дневно.

Ако јадете чоколадо дали ќе се нафрлите?

Нема докажани студии дали чоколадото има врска со акните. Генерално, здрава исхрана со многу витамина, минерали и вода е важна за чиста кожа.

За жените: зошто се нафрлувате во одреден период од месецот?

Продукција на лојните жлезди е под контрола на хормони. Хормоните флуктуираат во текот на месецот, регулирајќи го месечниот циклус. Затоа акните можат да се појачаат пред или за време на периодот.

Може ли препаратите за кожа да предизвикаат нафрлање?

Ако користите одговарачки препарати за вашиот тип на кожа тие ќе помогнат да се контролираат акните. Вашата шминка мора да е прилагодена на типот на кожата.

Дали ќе ви останат лузни?

Подлабоки, стискани  и инфицирани акни може да остават лузни. Најдобра превентива е да започнете со терапија на акните што побргу и секогаш да ја чистите и негувате кожата правилно.

Какви третмани за акни постојат?

Има многу различни тертмани  и медицински прескрипции.

Како да се однесувате со комедоните?

Не ги истиснувајте! Најдобар домашен третман е превенција! Придржувајте се на програмот за терапија на акните , потоа следат хемиски пилинзи (овошни киселини или ТСА-површен пилинг) кај вашиот дерматолог, што ќе ги одстрани црнките. Избегнувајте мачење на кожата во домашни услови да не добиете флеки, иритации и лузни! Препуштете го тоа исклучиво на нашите професионалци.

Тинејџерски Акни



Современ третман на акни

Врати се на врвот