Вие се наоѓате: Медицинска Козметологија > Хемиски пилинг

Хемиски пилинг

Хемиски пилинг со 70% овошни киселини го изаведува исклучиво дерматолог.

Овошните киселина на Др Мурад се толку софистицирани што веднаш по изведување на третманот пациентот може да продолжи со секојдневните активности. За подлабок пилинг се користи  50% TCA (трихлороцетна киселина) и 80 % TCA за одстранување на старечки дамки. Пилинг со Phenol се користи за одстранување на брчките околу очите и устата..

Akни, лузни, флеки, мрсна и нечиста кожа

Пилингот предизвикува отфрлање на површинскиот мртов слој на клетки со што ги отвара порите и каналчињата на лојните жлезди лесно се дренираат, со што се спречува опасноста од загнојување и оставање на трајни последици за цел живот. Предходно настанатите флеки се избелуваат, проширените пори на Т – зоната се ублажуваат а лузните делумно се измазнуваат.

Подмладување кај пациенти склони кон прерано наборување на кожата, уморна и жолтеникава боја ( пушачки тен).

Овошните киселини освен на површинскиот слој на кожата делуваат и на подлабоките слоеви. Ја стимулираат продукцијата на колаген и еластин, со што го спречуват предвременото стареење, ги измазнуваат нежните брчки, ја привлекуваат водата од подлабокиот слој кон површината со што го подобруваат тургорот и го враќаат сјајот и оптегнатоста на лицето. Со цел на подмладување третманот би требало да се изведува секоја зима. Се овошните киселини се избелуваат и флеки настанати од бременост, хормонална терапија, старечки дамки и најчеститe- од излагање на сонце.

Избелување на флеки

Темните старечки кератози и хиперпигментации од најразлично потекло: последица од акни, после породување, хормонални,  по изложување на сонце, пигментации на нозе и раце настанати при загнојување на фоликулите на влакната по депилација.

Со комбинирање на пилинг (70% AHA/BHA или TCA) и мезотерапија, ноќна крема со хидрокинон, витамин Ц и овошни киселини, се постига избелување на флеките. Сите пилинзи се изведуваат од октомври до јуни. При користење на пилинзи секогаш е потребно заштитување на кожата со дневни хидрантни креми со јак заштитен фактор од ултравиолетните зраци.

Врати се на врвот