Темни флеки, старечки кератози и хиперпигментации од најразлично потекло: последица од акни, после породување, хормонални, по изложување на сонце, пигментации на нозе и раце настанати при загнојување на фоликулите на влакната по депилација, може да се избелуваат.
Со комбинирање на хемиски пилинг (70% AHA/BHA или 50%ТCA) и мезотерапија, ноќна крема со хидрокинон, витамин Ц и овошни киселини, се постига избелување на флеките. Сите пилинзи се изведуваат од октомври до јуни. При користење на пилинзи секогаш е потребно заштитување на кожата со дневни хидрантни креми со јак заштитен фактор од ултравиолетните зраци.
![]()