Вие се наоѓате: Козметологија > Третмани против брчки

Третмани против брчки

За лицата кои се склони на прерано брчкане, уморна кожа со жолтеникава боја (пушачки тен), постојат луксузни третмани ( anti – aging) со силно рехидрирачко и нутритивно дејство, богати со антиоксиданси, витамини, минерали, ензими, коензим Q 10, морски седименти, етерични масла. Посебно внимание се обрнува на зоната околу очите ( вит. Ц eye mask).

Подмладување на кожата сo овошни киселини (AHA/BHA)

Овошните киселини предизивикуваат лупење на клетките на површниот мртов слој на кожата а со тоа и ги измазнуваат проширените пори на Т-зоната.

.Oсвен на површинскиот слој на кожата делуваат и на подлабоките слоеви. Ја стимулираат продукцијата на колаген и еластин, со што го спречуват предвременото стареење, ги измазнуваат нежните брчки, ја привлекуваат водата од подлабокиот слој кон површината со што го подобруваат тургорот и го враќаат сјајот и оптегнатоста на лицето. Со цел на подмладување третманот би требало да се изведува секоја зима. Со овошните киселини се избелуваат и флеки настанати од бременост, хормонална терапија, старечки дамки и најчестите – од експонирање на сонце.

Врати се на врвот