Вие се наоѓате: Мезонити

Мезонити

Мезонити  (3Д ЛИФТИНГ) -неоперативен лифтинг

Отсекогаш постоела желба да се  отстранат брчките и подигне виснатата кожа на лицето без хируршка интервенција. Клеопатра прва користела златни жици за да ги измазни брчките и тој третман до ден денес се изведува со конци изработени од различни материјали. Проблем било што сите тие конци биле од трајни материјали, што давало компликации и го лимитоирало изведувањето на други техники. Затоа се изработени конци од комплетно разградлив материјал кој не ствара компликации.

“МЕЗОНИТИ” се конци од ресорптивен материјал (polydioxanone) кој веќе 15 години се користи во кардиохирургија при операција на срце и крвни садови, што зборува за безбедноста на материјалот. Мезонити не предизвикуваат алергија. Комплетно ги снемува од организмот за 3-8 месеци.

ЗА ШТО СЛУЖАТ МЕЗОНИТИ? КОИ СЕ ЕФЕКТИТЕ?

- Природна метода за лифтинг и затегање на кожата, подигање на веѓите, образите, виснатите усни агли, подбрадокот и вратот (мисиркин врат)

- Ги измазнува брчките на образите, челото, околу очите, брадата, “пушачки брчки” околу усните, пред ушните школки, вратот, деколтето

- Обликување на контурите на лицето, особено на долниот дел (во линија на долната вилица), кој виснува при стареење и нагло слабеење – враќање на младешкиот “V” изглед

-Лифтинг на тело: затегнување на внатрешниот дел од надлактиците, надколениците, колената, стомакот (посебно по породување), градите и секаде каде има вишок на кожа

-Подобрување на квалитетот и тонусот на кожата

ИЗВЕДУВАЊЕ НА ТРЕТМАНОТ

По нанесување на анестетска крема која стои 30 минути, конците се внесуваат  во кожата безболно. Конецот е сместен во многу тенка игла која клизи под кожата, иглата веднаш се извлекува, а конецот останува во кожата. Се внесуваат повеќе конци, зависно од регијата која ја корегираме и во каква состојба е кожата. Конците предизвикуваат локално дразнење и аутопродукција на нов колаген околу нив, кој се ствара по 6-8 недели. Конците се ресорбираат од организмот комплетно за 3-8 месеци а на нивно место останува новостворениот колаген кој го продолжува резултатот до 2-5 години, зависно од возраста. Моменталниот ефект се гледа веднаш а по 2-6 месеци се гледа доцниот ефект на колагенсинтезата.

На влезното место на иглата се гледа мала точка која бргу се затвора. Кожата има благо руменило и  незначителен оток. Од хигиенски причини се препорачува пациентот да продолжи со секојдневните активности наредниот ден. Во колку е неопходно, може и истиот ден, со нанесена хидратантна крема и лесен пудер.Третманот се повторува најрано по 20 месеци.

НЕСАКАНИ  НУСПОЈАВИ

Веднаш по третманот има благо црвенило и оток кој поминува за 5-6 часа.На влезното место на иглата се гледа ситна точка која се губи  истиот ден. Понекогаш може во наредните 2 дена да се појави некоја модрица, која поминува за 5-6 дена. На местото на мезонити се чувствува оптегнатост а некогаш и благо пецкање во наредните неколку дена. Наредните 7 дена се препорачува ограничување на мимиките , лимитирање на широката насмевка кога се работи зоната околу уста и образи, забрана за сауна, кварцање.

КАЈ КОГО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРАВИ ТРЕТМАНОТ

Третманот не се изведува при постоење на аутоимуни  и онколошки болести, психички и неуролошки пореметувања, пореметување на коагулација на крвта, моментално вирусно или бактериско заболување, склоност кон келоиди, инфекција или друго кожно заболување на местото  кое треба да се третира,  претходно инјектиран траен филер. Еден ден пред ставање на мезонити се престанува со земање на Аспирин, Пелентан, алкохол.

КОМБИНИРАЊЕ СО ДРУГИ ТРЕТМАНИ

Мезонити може да се комбинираат со сите други неинвазивни методи. По 30 дена од третманот смее да се прави пилинг, мезотерапија, филери, ботокс, дермаролер и ласери. Оперативен фејслифтинг не смее да се изведува наредни 3 години.

ЗА ВАША БЕЗБЕДНОСТ !

Третман со мезонити треба да се изведува исклучиво од лекар специјалист (дерматолог или естетски хирург), со одлично познавање на анатомија и физиологија на кожата, поткожното масно ткиво, лигаментите и  мускулите (елеватори и депресори), местоположба на крвните садови и нервите на лицето, обучен за оваа процедура во стручни  установи. Третманот не смее да се изведува во козметички и други салони.

4Д ЛИФТИНГ!

Со стареењето на кожата  еластинот и колагенот се намалуваат, што резултира со стварање на нежни линеарни и длабоки брчки. Со 3Д лифтинг и 4Д лифтинг се поттикнува стварање на нов колаген и еластин.

Лифтинг со конци е нехируршки лифтинг кој не остава лузни. Се изведува со вметнување на тенки конци во кожата кои се направени од ресорптивен материјал, Полидиоксанон. Конците служат како потпора на која ке се лепи новостворениот материјал кој има функција да ја зајакне кожата и измазни брчките.

Во склоп на процедурата може да се инјектира хијалуронска киселина обогатена со антиоксиданси, стем клетки или ПРП, што ќе предизвика максимален ефект на раѓање на ново ткиво, зголемувајќи го лифтинг ефектот. Тоа претставува 4Д ЛИФТИНГ.

Предности на 4Д ЛИФТИНГ!