Вие се наоѓате: Мезотерапија > Подмладување на раце

Подмладување на раце

Рацете се едни од првите знаци кои ги покажуваат нашите години, посебно кај луѓето кои биле повеќе изложени на сонце.

Со комбинирање на неколку методи се постигнуваат одлични резултати во подмладување.

IPL (Intense Pulse Light) ласерски третмани ги осветлуваат старечките хиперпигментации а може и да ја стимулираат  синтезата на колаген и еластин со што го подобруваат  тонусот на кожата.

TCA ПИЛИНГ го отстранува слојот од мртви клетки измазнувајќи ја кожата, посветлувајќи ја бојата на кожата. Истовремено ја припрема за мезотерапија.

МЕЗОТЕРАПИЈА со Teosyal Meso (неретикуларна хијалуронска киселина) за длабока рехидратација или  so Teosyal Redensity, за рехидратација и антиоксидативно дејство на модерните компоненти, кој има кумулативно дејство во борба против стареењето. Ги мазни ситните брчки и ја прави кожата помека и оптегната. За видливи резултати неопходни се 3 третмани кои се изведуваат на растојание од 10 до 15 дена.

ПОПОЛНУВАЊЕ на  подкожното ткиво со хијалуронска киселина, со цел да се надокнади изгубеното масно ткиво, оптегне набраната кожа и сокријат назначените крвни садови. Филерот трае 12 до 18 месеци.

Врати се на врвот