ЛЕЧЕЊЕ НА ЦЕЛУЛИТ И ТОПЕЊЕ МАСНИ ПЕРНИЧИЊА (ремоделирање на телото) се изведува со коктели кои ги разбиваат фиброзните снопчиња што ја заробуваат водата и масните клетки, супстанци кои го забрзуваат локалниот лимфоток за полесно одстранување на течноста преку бубрезите и хепарот .Зависно од типот на целулитот потребни се 6 – 10 третмани. За побрзи резултати пациентот треба да се бави со физички активности, да внесува 2 – 3 литри течности дневно а од исхраната да исфрли масни намирници, алкохол (да зголеми внес на зеленчук и овошје со помалку фруктоза).