ДЕРМАРОЛЕР ( МЕЗОРОЛЕР ) ТЕРАПИЈА
Дермаролерот со своите микроиглички прави најнежни микроубоди во површниот слој на кожата провоцирајќи процес на заздравување на раничките кој предизвикува стимулација на продукција на колаген, еластин и нови, здрави клетки кои ги пополнуваат вдлабнатите лузни од акни и брчките на кожата.
Секој извршен третман ја стимулира колаген продукцијата со што се измазнуваат брчките и лузните како еден вид на мини-инстант фејслифтинг.
Се препорачуваат минимум 6 третмани кои се изведуваат еднаш месечно.
ИНДИКАЦИИ:
Провоцирање на продукција на колаген кај:
- одржување на цврстина и оптегнатост на кожата
- измазнување на лузни од акни
- одстранување на стрии
- измазнување на груба нерамна кожа
-зголемување на ресорпција на секој нанесен продукт на кожата (алтернативна мезотерапија)
-за стопирање на опаѓање на косата и повторно оживување на растот на влакната.