Околу 40% од мажите и 50% од жените патат од опаѓање на косата на околу 50-годишна возраст. За жените претставува делумно траума а мажите тоа го поврзуваат со губење на сексуалната привлечност и младоста.
Мезотерапијата го стопира губењето на косата со помош на серија од безболни инјекции. Тие се состојат од витамини, ДХТ блокатори и минерали кои се внесуваат директно во скалпот. На тој начин се стагнира машката ќелавост и се обновува растот на косата кај жените, настаната од разни причини.
Ги надокнадува витамините и минералите изгубени со возраста, стимулирајќи ја крвната циркулација на скалпот и обновувајќи ги влакнените фоликули.
Мезотерапијата посебно се препорачува на жени со појачано опаѓање на косата после породување, во пре и постменопауза.
Серијата од 9-12 третмани се изведува еднаш месечно. Овие третмани истовремено ги зајакнуваат постоечките фоликули.