Вие се наоѓате: ПРП Третман

ПРП Третман

ПРП третман за подмладување и оптегање на кожата (Вампирски фејслифтинг)

ПРП е третман кој се базира на регенеративната моќ на сопствената крв. Се користи во медицината повеќе од 100 години.  Со дегранулација на нашите крвни плочки се ослободува фактор на раст кој стимулира пролиферација на стем клетките одговорни за видливата репарација и регенерација на ткивата. Во естетиката се применува за обновување на кожата, подмладување, подобрување на волуменот, оптегање на брчките, избелување на флеките, измазнување на лузните без употреба на вештачки супстанции. Видливи резултати дава и кај паѓање на косата (дифузна алопециа).

Како се изведува процедурата?

Се вади крв од вена на раката во епрувета,  исто како за рутински лабораториски испитувања. Крвта се центрифугира 9 минути и се одвојува збогатената плазма. Со шприц и најтенка игличка плазмата се внесува во кожата.

Кожата се анестезира со анестетска крема која стои до 40 минути.

Третманот се изведува еднаш а по потреба може да се повтори по 2-3 месеци. По еден месец пациентот приметува како кожата изгледа поздраво, оптегнато, со уедначена боја, лузните се поблаги. Како се зголемува продукцијата на колаген ефектите во наредните 12 месеци стануваат се подобри. Резултатите варираат зависно од возраста, претходното оштетување на кожата и општиот начин на животот.

Кои регии се третираат?

Главни предности

Недостатоци на методата

Колку долго трае ефектот?

18 месеци- 2 години

Контраиндикации

Комбинирана ПРП со МЕЗОКОНЦИ или ХИЈАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА

При изведување на третман со филер Хијалуронска киселина или Мезонити може да се обогати третманот со ПРП. Тоа се прави во еден третман.