Вие се наоѓате: За Нас

За Нас

Д-р Светлана Костиќ Петрушевска, 1995 година беше пионер вo формирањe нa првата приватна ординација во земјатa во која ги спои дерматологијата и естетиката.

Дипломираше и спрецијализираше дерматовенерологија при Медицински Факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методи.Успешната работа на ординацијата ја базира на континуирано следење на светски новитети во оваа област и голем труд истите да ги донесе и примени во Македонија.

Како резултат на ова, 1998 година, добива признание “Жена Менаџер на годината “.
Авангардноста на оваа ординација продолжува со носење на секогаш најнови светски хит-методи.
Прва почнa да изведува хемиски пилинг со 70% овошни киселини, (www.murad.rs) и стана ексклузивен стручен консултант за медицинска козметологија на Др Мурад, UCLA.

Естетската медицина ја учи во Франција кај еминентни естетски хирурзи, воедно посетувајќи ги Интернационалните, Светски, Европски anti-aging и мастер конгреси, како и Националните Француски (Societe France). Но, најголемото искуство го постига со повеќекратно престојување во престижните Париски клиники за естетска хирургија.

Ботокс третманите ги доведува до совршенство според школото на познатиот естетски хирург D-r Le Louarn, Парис, кого неговите колеги од цел свет го сметаат за виртуоз во естетската хирургија. Уметноста на подмладување со филери, скулпторство на жива материја, и претставува посебен предизвик.

Со помош на веледрогеријата МЕДИКАНОВА, од Скопје, успева да го донесе на нашиот пазар најквалитетниот филер TEOSYAL од ТЕOXANE - Laboratories Geneva, кој 2008 год. доби прва награда за квалитет, во Лондон, во конкуренција со преостанатите филери кои ги има на светскиот пазар.

TEOXANE – Geneva 2006 год. ја назначи Д-р Светлана за ексклузивен презентер и инструктор. Сега работи во својата ординација, одржува “базични” и “напредни” практични курсеви во неколку земји на полето на естетска медицина ( TEOSYAL-Филери ) и одговара на честите барања на медиумите да зборува за современата нега на кожата и естетската медицина, давајќи експертски совети во повеќе врвни весници и национални телевизии.